Македонија

Тошковски: Се надевам дека ќе нема настани кои ќе подгреваат тензии, ако има соодветно ќе одговориме

Тошковски: Се надевам дека ќе нема настани кои ќе подгреваат тензии, ако има соодветно ќе одговориме

МВР ќе ги преземе сите потребни мерки со цел граѓаните да бидат безбедни, а службите ги имаат потребните капацитети да делуват во насока соодветна согласно надлежности.

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во одговор на новинарско прашање дали има уште информации за можни немири.

– Она кое што беше во изминатиот период информација а се слеваше преку безбедносните служби, до мене лично и до премиерот., говореше во насока на тоа дека ќе постојат обиди каков што беше примерот со оној не сакан настан којшто го имавме во рамки на општина Гостивар. Тоа како настан е да речеме дека се случи, се надевам дека во иднина нема повеќе да имаме настани кои што ќе подгреваат било како меѓуетнички или меѓу верски, или било какви други тензии. Но доколку ги има соодветно ќе одговориме, рече Тошковски.

Прашан зошто бил разрешен полицискиот началник Наим Рамука од Регионален центар Север, Тошковски одговори дека е поради поведена дисциплинска постапка поврзана со настанот со претседателот на Собранието.

-Секој еден во рамки на министерството кој што презема одредени дејствија треба да ги преземе, особено дејствијата кои ги презема во рамки на службата, односно во рамки на постапувањето согласно закон и подзаконски акти за интерес за граѓаните да ги преземат овие согласности согласно закон и согласно подзаконскиот акти.
Онаму каде што ќе биде утврдена повреда, особено за време на вршење на работа ќе биде соодветно постепено. Никако не е постапено поинаку барем за изминатиот период додека јас не одам со Министерството, потенцираше Тошковски.

На новинарско барање за коментар за наводите на СДСМ преку прес-конференција за ослободување на телохранител на премиерот Христијан Мицкоски од одговорност и негово унапредување, Тошковски рече дека лицето било суспендирано од работа и била поведена постапка, а надлежниот јавен обвинител во конкретниот предмет утврдил дека полициски службеник треба да се ослободи од одговорност. – Актот е доставен во рамки на дисциплинската постапка која што е водена во Министерството за внатрешни работи и од страна на дисциплинската комисија е утврдено дека за предметното службено лице не постојат услови за да биде санкциониран во рамки на дисциплинската постапка која што е спроведена во министерството. Тоа значи дека откако е завршена постапката во рамки на јавното обвинителство, на начин кој што е завршена е завршена и постапката во рамки на Министерството за внатрешни работи, рече Тошковски.

Апеираше до опозицијата и сите останати, како што рече, да не ја манипулираат јавноста за случаите поврзани со МВР.

Најнови вести од Македонија

To top