Македонија арбен таравари

Таравари за замрзнувањето на „балансерот“: Не ни требаат тензични состојби

Според Таравари, „некој сакаше да се зборува за ова и да се дефокусира од побитните теми“.

Таравари за замрзнувањето на „балансерот“: Не ни требаат тензични состојби

Мислам дека одлуката е избрзана, но тоа е одлука на Уставен суд. За жал, иницијативата е од Левица, а во Уставниот суд се судии кои што се избрани, иако треба да бидат неутрални. Не ни требаат вакви тензични состојби во периодов. Ние и така имавме договор со ВМРО-ДПМНЕ дека прво треба да се договориме за Законот за правичма застапеност, вели членот на ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари за одлуката на Уставниот суд за замрзнување на балансерот.

Според Таравари, „некој сакаше да се зборува за ова и да се дефокусира од побитните теми“.

-Мислам дека балансерот беше добра алатка, но во последно време многу злоупотребувана. Мораме да најдеме решение за сите категории на луѓе да бидат застапени во државната администрација, кажа министерот во Министерството за здравство каде денеска во рамки на програмата на Амбасадата на Јапонија, за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, се потпиша договор со Универзитетската клиника за детски болести за набавка на мобилен рентген апарат.

-Сега на господинот Ахмети и сателитите околу него, им текнува дека ова требало да се направи порано. Сите овие проблеми се последица од нивното претходно владеење. Законот за правична застапеност треба да се сихронизира со владините партнери и да се пушти во парламентот, додаде Таравари.

Уставниот суд поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавен сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи на јавниот оглас при вработување во јавен сектор, односно одредби од акти оспорени од страна на Државната комисија за спречување корупција. Судот ги оцени како основани наводите во иницијативата на комисијата и ги прошири сомнежите за неуставност и незаконитост и на други одредби и по сопствена иницијатива поведе постапка за одредби од истите закони и подзаконски акти што произлегуваат од нив.

Најнови вести од Македонија

To top