Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) според последниот извештај имало вкупно 1.490 повици на Единствениот број за итни случаи 112.
– Од нив „реални“ повици биле 54,69 отсто, а 40,54 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,60 отсто, кон Итната медицинска помош 24,51 отсто, a кон пожарникарите 2,33 отсто од реалните повици кон 112, се вели во соопштението.
ЦУК информира дека во последното деноноќие немало регистрирани пожари на отворено на територија на цела држава.