Фудбал

Динамо Загреб го отпушти тренерот по катастрофалниот пораз во ЛШ

Динамо Загреб го отпушти тренерот по катастрофалниот пораз во ЛШ

Хрватскиот фудбалски првак Динамо Загреб му врачи денеска отказ на тренерот Сергеј Јакировиќ и за негов наследник на должноста привремено го назначи Сандро Перковиќ.

Јакировиќ на клупата на Динамо седна на крајот на август лани, кога пристигна од Риека.

„Динамо сака да ја информира јавноста дека е договорен меѓусебен раскин на договорот со поранешниот тренер на сините, Сергеј Јакировиќ. Првиот тим ќе го предводи поранешниот член на стручниот штаб Сандро Перковиќ во краток рок додека не се донесе одлука за ново долгорочно тренерско решение“, објави Динамо во чиј редови настапуваат поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

To top