Свет

Израел потври дека го составил предлог договорот што предвидува завршување на борбите во Газа

Израел потври дека го составил предлог договорот што предвидува завршување на борбите во Газа

Неименуван израелски функционер денеска ги потврди извештаите на медиумите дека израелската влада подготвила предлог за мировен договор, кој предвидува ослободување на сите заложници и прекин на борбите во Појасот Газа, со безбедно заминување на палестинскиот лидер на Хамас од таа територија.

Тој за „Тајмс оф Израел“ изјави дека израелскиот функционер Гал Хирш им го претставил предлогот на Американците и дека се очекува тие да им го достават на арапските власти.

Исто така наведе дека договорот, доколку се исполнат неговите одредби, ќе значи крај на војната меѓу Израел и Хамас, која започна на 7 октомври 2023 година, со напад на палестинските екстремисти на јужниот дел на израелската територија.

Израелскиот јавен сервис Кан претходно објави дека владата на Израел подготвила рамковен договор кој, меѓу другото, ќе овозможи безбедно заминување на лидерот на Хамас Јахја Синвар и неговите соработници од Појасот Газа.

Предлогот предвидува ослободување на сите палестински затвореници од израелските затвори, демилитаризација на Појасот Газа и воспоставување нов систем на управување на таа палестинска територија. Други детали не се објавени.

Форумот на семејствата на заложниците и исчезнатите го поздрави предложениот договор, наведувајќи дека ослободувањето на 101 заложник е желба на сите израелски граѓани и ги повика сите членови на израелската влада да го поддржат.

Во соопштението на Форумот се наведува дека предлогот е веќе презентиран пред лидерите на арапските земји и дека нивниот одговор е позитивен.

Најнови вести од Свет

To top