Останати спортови

Рафаел Надал се подготвува за крај на својата богата кариера

Рафаел Надал се подготвува за крај на својата богата кариера

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, би можел да игра во финалето на Дејвис куп турнир во Малага во ноември.

Надал долго време се мачи со повредите и се наѕира крајот на неговата кариера, па петтото подигање на „салатара“ веројатно би било најдоброто можно збогување од тенисот за славниот Шпанец во овој момент. Ваква можност најави и Давид Ферер, селекторот на Дејвис куп тимот на Шпанија.

“Веќе разговарав со Рафа, но ништо не е договорено. Постои можност тој да биде во тимот. Неговата цел оваа година беа Олимпијадата, оттогаш не играше. Му треба одмор и време со семејството, па сега не е време да му се јавам. Најважно е дека тој ќе биде добар во ноември – изјави Ферер.

To top