Иран ги осуди нападите во Либан што се случија претходно денеска и вчера, во кои експлодираа комуникациски уреди, изјави владината портпаролка Фатемех Мохаџерани во објава на X.
Во исто време, високиот функционер на Хамас, Изат ал Рашек, рече дека израелската влада е одговорна за последиците од „овој континуиран напад врз Либан“, откако денеска експлодираа воки-токи што ги користеле припадници на Хезболах низ јужниот дел на Либан и во предградијата на Бејрут.