Хроника

Тепачка во близина на училиште во Бутел- малолетни заврши на Клиника

Тепачка во близина на училиште во Бутел- малолетни заврши на Клиника

На 17.09.2024 околу 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на средно училиште на подрачје на Бутел, малолетник од Скопје бил физички нападнат од неколку лица, најверојатно малолетници, при што бил употребен и остар предмет.

Малолетникот се здобил со повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top