Фудбал

Горан Пандев е во Манчестер, ќе го следи мечот Сити-Интер (ВИДЕО)

Горан Пандев е во Манчестер, ќе го следи мечот Сити-Интер (ВИДЕО)

Вечерва Интер против Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе ја има поддршката од својот некогашен играч Горан Пандев.

Некогашниот репрезентативец и член на Интер отпатува во Манчестер, каде што вечерва ќе го следи натпреварот од 1. коло во новиот формат во Лигата на шампионите.

Пандев присуствуваше и на вчерашниот тренинг на екипата, и се поздрави со дел од играчите и им посака среќа на „нероазурите“.

 

To top