Македонија

ИСПОЛНЕТО УШТЕ ЕДНО ПРЕДИЗБОРНО ВЕТУВАЊЕ: Повеќе нема да има злоупотреба на државни возила за приватни цели, службените автомобили ќе бидат обележани со посебни таблички!

Борба против злоупотребата на државните ресурси: Крај на лошите практики од минатото за користење на државни возила за приватни цели!, државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно да бидат забележани од граѓаните, објави на социјалната мрежа на Фејсбук директорот на службата за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР), Ивица Томовски

На денешната седница на Владата, на мој предлог, беше формирана комисија составена од СОЗР, Кабинет на Претседател на Влада на Р.М, Генералниот секретаријат, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Министерството за енергетика и Кабинет на Министерот за добро владеење, со цел да започне постапка за измена и дополнување на два важни закона за промоција на транспарентноста и владеењето на правото.

-Законот за користење и располагање со стварите во државна и стварите во општинска сопственост и

-Законот за возила

Со овие измени ќе се воспостави регистар на сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно да бидат забележани од граѓаните.

На овој начин, веруваме дека ќе биде оневозможено нивното користење за приватни цели, со што дополнително ќе се зајакне транспарентноста и отчетноста на институциите на државата.

Остваруваме уште едно предизборно ветување, пишува Томовски во својата објава.

Најнови вести од Македонија

To top