Музика

Хрватската ѕвезда Нина Бадриќ на 27-ми октомври во Македонската филхармонија!

Во петокот во Скопје престојуваше хрватската ѕвезда Нина Бадриќ, а причина за нејзиното доаѓање беше претстојниот концерт закажан на 27-ми октомври во Македонската филхармонија.

Хрватската ѕвезда Нина Бадриќ на 27-ми октомври во Македонската филхармонија!

Во петокот во Скопје престојуваше хрватската ѕвезда Нина Бадриќ, а причина за нејзиното доаѓање беше претстојниот концерт закажан на 27-ми октомври во Македонската филхармонија.

Популарната пејачка од Хрватска и миленичка на македонската публика во нашата метропола ќе настапи по пауза од цели шест години.

Инску Нина во петокот оствари неколку телевизиски гостувања, а пак во саботата, таа заедно со организаторите на концертот, “Евентум” одржаа прес-конференција за медиумите каде ги открија сите детали за концертот на 27-ми октомври.

“Ви благодарам што одвоивте време денес кога е викенд, веројатно би биле со своите дома, благодарам уште еднаш што сте тука. Нема многу да ве задржиме. Она што ми е драго што долги години сакам да направам еден прекрасен концерт во Македонија и еве, сега се создаде прилика за тоа. Ова може и да го наречам прв солистички концерт во Македонија, бидејќи сите овие години Скопје ми поминуваше низ раце. Се надевам дека салата ќе биде распродадена, тоа мене ме прави среќна. Знам дека тоа ќе биде вечер со многу љубов, славење на животот, по некоја солза… – истакна Бадриќ на средбата со новинарите.

Со други зборови, харизматичната Нина ветува ексклузивна ноќ за паметење.

Поради тоа, таа и организаторите уште еднаш ве канат на 27-ми октомври во величествената голема сала на Македонската филхармонија за да уживате во незаборавна вечер исполнета со нејзините најголеми хитови.

Влезниците се пуштаат во продажба токму од денеска и истите ќе може да ги купите преку продажната мрежа на “Вечер со Нина Бадриќ | КУПИ КАРТИ – SOUNTIX”.

To top