Директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, заедно со стручниот тим од ЈПДП и надзорите, по трет пат изврши увид во градежните работи на експресниот пат Чатал (кај Страцин) покрај Ранковци до Крива Паланка.
-Стручниот тим констатираше неколку пропусти, недоволна ангажираност во реализација на динамичкиот план. Поради тоа следнава недела закажав состанок со изведувачите, надзорите, консултантите и проектантите, објави на својот фејсбук профил.
Имено, директорот Трајановски потенцираше дека делницата од Длабочица до Крива Паланка која ја работи Гранит планирано е да биде завршена во Октомври. Делницата од Чатал до Длабочица која ја работи Штрабак планирано е да биде завршена до крајот на годината.
-Работната сабота ја продолжив со увид на регионалните и експресните патишта во источна Македонија и реконструкцијата на патот од Пехчево – Делчево – Берово каде изведувач на работите e ЈП Македонија пат, нотираше во објавата.