Познати

Џастин Тимберлејк призна вина за возење пијан: Судот му одреди казна и привремено одземање на возачката дозвола

„Требаше подобро да просудувам. Ја разбирам сериозноста на ова“ рече Џастин.

Џастин Тимберлејк призна вина за возење пијан: Судот му одреди казна и привремено одземање на возачката дозвола

Американскиот пејач Џастин Тимберлејк се изјасни за виновен по обвинението дека возел во алкохолизирана состојба во судот во Сег Харбау, Лонг Ајленд, откако беше уапсен во јуни во Хемптонс.

Судијата го осуди Тимберлејк на парична казна од 500 долари со доплата од 260 долари, 25 часа општокорисна работа во непрофитна организација по негов избор и му нареди да издаде соопштение за јавна безбедност, пренесува АП.

Тој првично се изјасни за невин по прекршочната пријава дека возел во алкохолизирана состојба, а потоа му беше суспендирана возачката дозвола за време на рочиштето минатиот месец.

Потсетуваме дека Тимберлејк беше уапсен во Саг Харбор, Њујорк на 18 јуни, нешто по полноќ, откако полицијата соопшти дека во центар на село „прелетал“ на знакот стоп и скршнал од својата лента и дека полицајците почувствувале мирис на алкохол од пејачот кога излегол од своето БМВ.

Полицијата во судскиот процес наведе и дека очите на пејачот биле „крвави и стаклени“, дека забавено говорел, дека бил нестабилен на нозе и дека имал лоши резултати на сите тестови за трезвеност.

Тимберлејк рече дека е „благодарен на приликата да тргне напред“ и дека ќе ја користи својата платформа за да им помогне на другите да носат подобри одлуки.

„Требаше подобро да просудувам. Ја разбирам сериозноста на ова“ рече Џастин.

To top