Фудбал Ливерпул

Слот: Резултатот е разочарувачки, не бевме доволно добри

Резултатот е најразочарувачки. Не можеме да бидеме задоволни од тоа како се одвиваше натпреварот. Тешко создававме шанси. Мораме да се погледнеме себеси, мораме да бидеме подобри.

Слот: Резултатот е разочарувачки, не бевме доволно добри

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот беше очекувано незадоволен од настапот на неговиот тим на домашен терен против Нотингем Форест.

„Црвените“ не успеаја да победат на „Енфилд“, но во исто време го примија првиот гол од почетокот на сезоната, што воедно значеше и прв пораз под водство на Холанѓанецот.

-Резултатот е најразочарувачки. Не можеме да бидеме задоволни од тоа како се одвиваше натпреварот. Тешко создававме шанси. Мораме да се погледнеме себеси, мораме да бидеме подобри. Пречесто ја губевме топката околу нивниот шеснаесетник. Мораме да бидеме многу добри со топката. Одлуките што ги носевме не беа добри. Се браневме прилично добро во целина, но тие доведоа двајца брзи играчи кои ни отежнаа. Презедовме многу ризици и на крајот тие постигнаа убав гол, изјави Слот по натпреварот.

To top