Република Порта пролет

Завршува изградбата на новиот кружен тек во Штип

Некаде околу 10 милиони денари се инвестирани од буџетот на општината за реализирање на ова решение, кое што води до Клиничката болница и околните места од овој дел од градот, изјави Јорданов.

Завршува изградбата на новиот кружен тек во Штип

Заврши асфалтирањето на новиот кружен тек на улицата „Генерал Михајло Апостолски“ кај зградата Порта пролет во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција рече дека во наредните денови ќе се постават и канделабри за целосно осветлување.

-Денес се работи на сообраќајното решение на кружниот тек кај паркот Кртеќе. Се нанесува вториот асфалтен слој и очекувам во текот на денот да биде завршена оваа позиција, а во наредните денови да се постават предвидените канделабри за целосно осветлување и обележување на потребната сообраќајна сигнализација. Со тоа ќе се овозможи побезбеден сообраќај на овој дел од градот и сите учесници во сообраќајот да имаат поголема прегледност и безбедност. Некаде околу 10 милиони денари се инвестирани од буџетот на општината за реализирање на ова решение, кое што води до Клиничката болница и околните места од овој дел од градот, изјави Јорданов.

По завршувањето со активностите на кружниот тек, предвидени се работни активности за изградба на конзоли на реката Отиња, но и проширување на коловозот од Трговскиот центар до плоштадот „Слобода“.

To top