Македонија Дојче Веле

Шпајх: Македонците со право се фрустрирани од ЕУ

Единствениот начин да се спречи таа фрустрација е да се стави крај на процесот на пристапување, а крај за мене значи членство, вели Шпајх.

Шпајх: Македонците со право се фрустрирани од ЕУ

Државниот секретар за федерални и европски прашања на покраината Северна Рајна-Вестфалија, д-р. Марк Шпајх за Дојче Веле вели дека мора да се забрза процесот на пристапување на РСМ во ЕУ.

Растечката фрустрација меѓу македонските граѓани за пристапувањето на државата кон ЕУ е разбирлива и Германија мора да стори нешто за да го забрза процесот, вели во разговор за ДВ, д-р Марк Шпајх, државен секретар за федерални и европски прашања на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.

„Можете да го почувствувате тој скептицизам или таа растечка фрустрација од процесот на пристапување кон ЕУ. И да бидам искрен, има добра причина за тоа. Мислам, процесот на пристапување сега трае 20 години и сè уште нема исход, така што тоа предизвикува фрустрација. За мене е многу разбирливо, па би рекол дека најдобриот начин да се оди напред е да се забрза процесот и мислам дека тоа мора да се случи од страна на ЕУ. И очигледно знаеме дека има одредени вето играчи и целата таа многу сложена игра. Но, мислам дека тука треба да ја примениме политичката моќ и мислам дека Германија треба да игра клучна улога овде во надминувањето на тие пречки. Единствениот начин да се спречи таа фрустрација е да се стави крај на процесот на пристапување, а крај за мене значи членство“, вели Шпајх.

Целото интервју прочитајте го на Дојче Веле

To top