Македонија МОН

Јаневска: Повратници од странство успешно се реинтегрираат во општеството преку неформално образование и дооформување на формалното

„Јас ви честитам на сите кои денес добивате сертификат за стекнато знаење. Дел од вас се вклучија во формалното образование, а дел пак, се приклучија кон неформалното. Драго ми е што ја препознавте вредноста и важноста на знаењето. Тоа засекогаш останува ваше и ќе ви овозможи полесно да се реинтегрирате во средината“, посочи Јаневска.

Јаневска: Повратници од странство успешно се реинтегрираат во општеството преку неформално образование и дооформување на формалното

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска присуствуваше на доделувањето сертификати за комплетирано основно образование и за посетени обуки на повратници во државата, во рамки на реализацијата на проектот на УНДП „Јакнење на националните и локалните системи за поддршка и ефективна социо-економска интеграција на повратници во Западен Балкан“, што се одржа во Прилеп.

Изразувајќи задоволство што наши сограѓани, наместо во странство, потрагата по подобар живот ја продолжуваат во родната земја, Јаневска нагласи дека со тоа што вложуваат во своето образование, вештини и компетенции, тие прават вистински чекор за да бидат видливи, вредни и корисни.

„Јас ви честитам на сите кои денес добивате сертификат за стекнато знаење. Дел од вас се вклучија во формалното образование, а дел пак, се приклучија кон неформалното. Драго ми е што ја препознавте вредноста и важноста на знаењето. Тоа засекогаш останува ваше и ќе ви овозможи полесно да се реинтегрирате во средината“, посочи Јаневска.

Постојаниот претставник на УНДП во државата, Армен Григорјан истакна дека во услови кога комплетирањето на основото образование станува општествен императив, сите вклучени страни треба да обезбедат механизми и можности и за формалното и за неформалното образование.

Тој додаде: „Во рамките на регионалниот проект, поддршан од ЕУ, преку 100 Роми повратници го завршија основното образование со што им се отвора простор за поквалитетн живот и активирање на пазарот на трудот.“

Во Прилеп, Проектот се имплементира од 2021 и досега Oбукa за  вештини успешно завршија 190 лица повратници, Oбукa за основни дигитални вештини – 77 лица повратници, Обука за дигитална писменост – 27 лица а Настава за возрасни за комплетирање на основно образование – 69 лица.

Министерката Јаневска очекува примерот да го следат и други македонски иселеници и да се вратат во земјава, затоа што за државата секој еден е важен и преку личен успех може да помогне во нејзиниот развој.

Со цел да се олесни социјална кохезија на повратниците со населението, како дел од Проектот, во Прилеп се опремени две училници за спроведување на образование на возрасни, завршена е реконструкција на спортското игралишта во училиштето „Добре Јовановски“, и локални НВО-а во соработка со училиштето реализираа дополнителни часови за децата кои поради заминување во странство имаат испуштено од наставата, психосоцијална поддршка на семејствата и поддршка на далечина на децата мигранти.

Проектот, освен во Прилеп, се реализира и во Штип и Шуто Оризари.

Најнови вести од Македонија

To top