Колумни

Дестабилизирачки „патриоти“

Патриотскиот акт на несудената претседателка на СДС, Цаци, доаѓа во продолжение на првиот етнички вознемир скроен со црквата „Света Петка“ во Галате. Она, кога дојденци со мисија однадвор прават етнички срања глумејќи верници. Комуњара верник?

Дестабилизирачки „патриоти“

Слон во пижами. Комуњара патриот. Вонземјани. Чесен екс-функционер на СДС и ДУИ. Јети, Алма и Бигфут. Дел од работи за кои се раскажува урбаната легенда дека постојат. За слонот во пижами,  вонземјаните, Јети, Алма и Бигфут, сепак – велат дека биле видени…

И така, Цаци пак стана да ја види сала. Овојпат, собраниска. Прашањето е само едно, кога изигруваше поголем кловн? При првото сефте кога Црпко ја прозва за да стане пред сите на партискиот собир или сега кога го поднесе Законот за бранители?!?!  Мора да признаеме, првиот пат дури беше и комично симпатична, инфантилно, изгубено северно гревче желно за функција, спремно безрбетно да коленичи и до утре сабајле пред стопанот. Желна со ќеф да станува пред цела сала, да лази, апе, да гази по идентитетски одредници, да менува историја. Се’ што ќе побара и посака газдата. Оком-скоком…

И сега, онаа што до вчера со толку ќеф придружен со фацијална експресија подобна на најчестата емоција на Миа Калифа го мелеше она на „С“, истата која така орно и со песна учествуваше во расчеречувањето на македонските светии, името, распродажба на револуционерите и светците, сега таа истата стана инстант-патриот? Ѓоамити, тоа се купува на тезга на канта-пазар, та носи-носи го, па фрли го, утре пак облечи, абе поедноставно – здравје. Тие, таа банда подготвена за тендер да продаде се’ што е македонско и притоа око да не им трепне, сега еден ден така случајно се разбудија наапани и силно загрижени за македонските бранители? Оние кои го чуваа Стојанче во скут саде заради гласовите и кои притоа самите не мрднаа со ниту „зуц“ од скутот на пост-терористичката направија на Ахмети, субмисивните и најсервилни „у свет“ ќелепури кои на мала врата ни донесоа двојазичност при силни забелешки на една Венецијанска комисија ли? Тие истите кои се криеја како „онакви под кошула“ додека Дрин ја купуваше Соравија, а  чичо му Македонија ли? Ќелепурите на кои Ципрас им врзуваше машни, а паралелно на Бојко му “тепаа“ со галовни имиња, Љубави ли беше?

Што е следно?  Ќе прават протест за итно ослободување на Уставобранителите кои самите ги сместија во зандани и ги направиај терористи ли? Замислете ја само Цаци како го предводи маршот пред влада и влегува во Собрание гушната со Љупче Путерот, Бифтек Маричиќ, Рада Прада и Обиџуко, кои врз усмрдените маички со Чарлиевите ангели Катица, Фатиме и Ленче сега носат нови со Ќосето, Ченто, Југ, Митко и останатите патриоти на кои има ја зацрнија судбината?

Та, чуму не? На првртливите, опортунистички политиканти вакво нешто одлично би им „стоело“, како „саливено“. Ако тоа значи дестабилизација која води кон враќање на власт, макар било и за десет години (другата, реална прогноза била НИКОГАШ), зошто да не се проба? Исто како кога Лојд во „Глупавиот и поглупавиот“ се радува како недоветен кога љубената му дава шанса „еден во милион“ дека ќе бидат заедно. И скока од среќа. Исто и горенаведените лукративни ајвани. Сигурно, можноста и мирисот на нови тендери, па макар и за декада од сега, силно ги дразни и отвора арамиските им чакри…

Вистинското прашање е: Зошто цели седум години додека аздисуваа на власт, ни на крај на памет не им текна да донесат Закон за бранители? Чуму не му бувнаа европско знаменце и оп, ете го? Та можеа да го траскаат тоа знамеце кое се повеќе наликување на пиратско за се’ и сешто, како не им светна истото да го сторат за бранителите? Или да ги уценат пратениците од тогашната опозиција со затвори за да го изгалсаат и со двотретинско мнозинство, та можеа така за името? Знаеме зошто, предобро…

Патриотскиот акт на несудената претседателка на СДС, Цаци, доаѓа во продолжение на првиот етнички вознемир скроен со црквата „Света Петка“ во Галате. Она, кога дојденци со мисија однадвор прават етнички срања глумејќи верници. Комуњара верник? Неверојатно нели, нешто како вонземјанинот и слонот во пижами. Море, уште поредок примерок. Иако, ако има пари во тоа, „оберучки“ станувале…

Туку, проблемот е што недоветното и  ступандерско сценарио е осудено на пропаст од самиот почеток. Соодветниот пандан на дејствувањата би бил кога челниците на ВМРО и коалицијата би излегле на собраниска говорница и меѓу народот и би го убедувале дека вадењето на МАКЕДОНСКА од МПЦ-ОА и не е така страшна работа, дека Гоце отсекогаш бил Бугарин и дека историјата ни почнува од 1945-та па навака, затоа што Тито не создал. А, да, и дека немаме Македонци во Грција и Бугарија. Замена на тезите. Па, ако СДС може да бидат патриоти, чуму не и ВМРО да не бидат одроди. Ќе си ги сменат улогите и чиста работа, нели? Ама, јок. Не бива, нели, ич. Ова не е Холивуд, иако, евтиново сценарио повеќе одговара на потребите на Боливуд…

Затоа, дечки од Бихаќка, олабавете малу. Ставете во „втора“. Очебијно, некој во пи-ар кујната ви ги измешал мирудиите. Ама „скроз“. Патритизмот не ви прилега, а „кичма“ така инстант не се оправа. Прашајте го вашиот неврохирург Филипче, кој со години се обидуваше да ја ремонтира онаа атрофираната, похабана и излитена од силна неупотреба кичма на Заев. Од ороспија девица не бивало. Нити некогаш ќе биде партија од вашата тендер збирштина. И, пуштете си ја „Бела чао“, ама на најјако. Сега, и со вистинска причина…

П.С. Ве излажале, глумењето патриоти и очајничките обиди за дестабилизација на етничка линија нема да ве спаси од одговорност и зандани. Крилото во Шутка, во која ги мачевте и душа им вадевте на Уставобранителите, не случајно не се реновира. Чекало нови гости…

To top