Денеска, 12-ти септември, со почеток во 19:30 часот, на сцената во театарот „Антон Панов“ ќе се одиграна копродукциската претстава „Поткровје“ според „Цената“ на Артур Милер, а во режија на Александар Ивановски.
Во претставата играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски.
Како креативни соработници се потпишуваат сценографот Ненад Тонкин и дизајнерот на плакатот Тео К. Атанасовски. Преводот го направи Марио Стојаноски.
„Поткровје“ е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството, и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле.