Македонија нема да има толеранција кон никого

Седница на ЗЕЛС: Иницијатива за законски измени за изрекување енормни глоби за создавачите на диви депонии

Седница на ЗЕЛС: Иницијатива за законски измени за изрекување енормни глоби за создавачите на диви депонии

Седница на Управниот одбор на ЗЕЛС. се одржа денеска во Кавадарци.

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски истакна дека на овој состанок, се начнале повеќе теми од кои како најважна ја издвои иницијативата за законски измени за изрекување енормни глоби за создавачите на диви депонии.

-Навистина е доста и неблагодарно да се уништува чистата животна средина и здравјето на нашите жители.
Инцијативата која ќе биде доставена до надлежните ќе значи ставање под контрола на загадувачите и нема да има апсолутно никаква толеранција за оние кои ги создаваат дивите депонии. Ние нема да дозволиме нарушување на ликот на нашите општини. И бидејќи нема да има толеранција кон никого, апелирам на свесно и одговорно однесување, истакна Ѓорѓиевски.

На седницата се дискутираше и по другите точки, сѐ до исцрпување на дневниот ред.

Најнови вести од Македонија

To top