Дино Мерлин израснал во сиромаштија, а денес е најбогатиот пејач од нашите простори.
Порталот Celebrity Net Worth го процени богатството на Мерлин на 100 милиони долари, што е за 80 милиони повеќе од богатството на Здравко Чолиќ, кој е подеднакво популарен како и неговиот колега Дино Мерлин.
-Живеевме тежок живот и немав можност да одам на море. Сега кога се е на свое место, можам малку да пловам. Немам каење, ниту поради чамецот што го имам, ниту поради љубовта кон морето, изјави еднаш Дино Мерлин.
Животната приказна на Дино Мерилин го вклучува неговото детство, приказната за предизвиците кои дојдоа со товарот на славата и на крајот успешна кариера.
Дино Мерлин е роден на 12 септември 1962 година во Сараево, а неговото вистинско име е Един Дервишалидовиќ.
Личната приказна на Дино Мерлин длабоко зрачи со тага, предизвици и триумф. Роден е во скромно семејство, кога имал само пет години татко му ги напуштил, оставајќи го да расте само со мајка му.
Поради финансиски тешкотии, почнал да работи многу рано, дури и во фабрика, додека музиката секогаш му била страст, со посебен акцент на гитарата.