Фудбал

Рикардо Калафиори се повреди, нема да игра против Израел

Рикардо Калафиори се повреди, нема да игра против Израел

Италијанскиот фудбалер Рикардо Калафиори поради повреда ќе го пропушти натпреварот од второто коло од Лигата на нации против Израел објавија италијанските медиуми.

Тој пред два дена ја повреди потколеницата на натпреварот против Франција кој Италијанците го добија со 3-1 во Париз и поради тоа беше заменет во 71. минута.

Стручниот штаб на италијанската репрезентација одлучи младиот фудбалер превентивно да го пропушти дуелот со Израел, па тој веќе замина во Лондон на дополнителни прегледи во Арсенал, во кој летово се пресели од Болоња.

To top