Илон Маск е на пат до 2027 година да стане првиот трилионер во светот, според новиот извештај за глобално богатство.
53-годишниот Маск во моментов е најбогатиот човек во светот, со нето богатство од 251 милијарда долари, според индексот на милијардери на Блумберг.
Меѓутоа, според наводите на Informa Connect Academy, неговото богатство расте со просечна стапка од 110 проценти годишно. Тоа значи дека, под услов неговото богатство да продолжи да расте со иста брзина, би можел да стане трилионер во наредните три години.
Microsoft и Apple веќе ја пробија границата од трилион долари
Компанијата Тесла има пазарна вредност од 669.3 милијарди долари. Пазарната вредност на Тесла расте со 17,3 процент годишно, што значи дека компанијата веќе следната година би можела да надмине трилион долари.
Двете највредни компании веќе пред неколку години ја поминаа границата од трилион долари. Microsoft вреди 3.4 трилиони долари, a Apple 3.3 трилиони долари.
Останатите компании на Маск се за производство на вселенски летала SpaceX, невротехнолошка компанија Neuralink и компанија за изградба на тунели The Boring Company.