Познати

ФОТО: Џеј Ло гори – Никогаш позгодна на црвениот тепих, фустанот покажа се’

Актерката пристигна на премиерата на филмот во кој има споредна улога, а истиот филм го продуцираше и нејзиниот поранешен сопруг.

ФОТО: Џеј Ло гори – Никогаш позгодна на црвениот тепих, фустанот покажа се’

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез блесна на црвениот тепих по повод премиерата на филмот „Unstoppable“ во кој има споредна улога, а кој го продуцираше нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек.

Иако минуваат низ бурен развод, Лопез на филмскиот фестивал во Торонто пристигна со насмевка на лицето.

Лопез позираше пред фотографите во блескав фустан кој потсетува на диско топка. Сепак, она што на сите им привлече внимание се двата огромни шлицови кои ги имаше на секоја страна од фустанот, а кои беа украсени со црни машнички. Изгледаше дека таа не носи долна облека. Провокативниот изглед го комплетираше со сребро, високи потпетици и едноставен накит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

„Таа и понатаму е кралица на црвениот тепих. Нејзиниот стил и елеганција се неспоредливи“, „Убава е, без сомнение“, „Блескаш“, напишаа нејзините обожаватели на социјалните мрежи.

Иако поднесе барање за развод од Бен пред нешто повеќе од две недели, изворите велат дека била многу среќна што успеала да стигне на фестивалот во Торонто.

-„Unstoppable” значи многу за неа и таа сака да го поддржи. Тоа е вистинска приказна која е многу инспиративна и таа е горда што е дел од неа. Глумата во овој филм беше врв за неа. Овој филм добива многу вниманието и Џенифер сака тоа да биде најдобро. Таа е многу професионална и секогаш работи напорно за да им даде на своите филмови најдобра можна шанса, изјави извор за Дејли Меил.

To top