Свет

Бербок: Воениот пристап не нуди решение за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, мора да има прекин на огнот

„Воениот притисок ги става во опасност животите на преостанатите заложници“, додаде Бербок.

Бербок: Воениот пристап не нуди решение за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, мора да има прекин на огнот

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска во Тел Авив изјави дека воениот пристап не нуди решение за војната на Израел и Хамас во Појасот Газа и дека мора да има прекин на огнот.

„Последниот викенд на еден драматичен начин покажа дека чисто воениот пристап не може да биде решение за ситуацијата во Газа“, рече Бербок по состанокот со нејзиниот израелски колега Израел Кац.  Тоа се однесува на пронаоѓањето на телата на шестмина израелски заложници минатата сабота.

„Воениот притисок ги става во опасност животите на преостанатите заложници“, додаде Бербок.

Вашингтон денеска ги повика двете завојувани страни да ги направат неопходните отстапки за да се овозможи постигнување договор. Според Вашингтон, 90 отсто од таас спогодба е веќе договорено.

„Да се ​​постигне договор со Хамас значи да се плати многу висока цена, но вреди напорот за животите на заложниците“, изјави денеска шефицата на германската дипломатија.

Таа додаде дека е јасно оти сега мора да има прекин на огнот.

Во врска со големата операција што Израел ја започна на 28 август во северниот дел на окупираниот Западен Брег против вооружени палестински групи, Бербок рече дека Израел како окупаторска сила на овие територии има право да преземе мерки против терористичките структури. Но, додаде дека тоа не треба да доведе до неизвесност и ново насилство.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top