Еден професор по психологија им го одржал на своите студенти следното предавање:
„Секој ден се соочуваме со предизвици и препреки кои ни помагаат да растеме и кои не дефинираат. Но, кога стресот ќе се вовлече во нашите животи, работите може да станат невозможни. Стресот може да нѐ парализира и да нѐ спречи да ги направиме работите кои мораме да ги направиме.“
Тогаш ги прашал своите студенти: „Колку е тешка оваа чаша вода?“
Студентите давале разни одговори:
„Два децилитри“, рекла една од студентките, а потоа и другите сугерирале: „Три децилитри, пет децилитри, итн.“
Професорот на крај им го одговорил следното:
„Апсолутната тежина на оваа чаша не е важна. Таа зависи од тоа колку долго ја држам. Ако ја држам една минута, ништо нема да се случи. Ако ја држам еден час, ќе почне да ме боли раката. Ако ја држам цел ден, мојата рака ќе се укочи. Тежината на чашата не е променета, но што подолго ја држам, толку потешка станува. Стресовите и грижите во животот се како оваа чаша вода. Ако некое време мислите на нив – тоа не е проблем. Ако малку подолго мислите на нив, тогаш почнува да боли. Ако по цел ден мислите на нив, ќе бидете парализирани и неспособни да направите што било друго. Запомнете: Спуштете ја чашата!“