Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид се соочува со проблеми бидејќи списокот на повредени играчи постојано се зголемува, а од денес на оваа листа се најде и Едер Милитао.
Милитао се повреди за време на тренинг-кампот на репрезентацијата и така осмиот фудбалер кој нема да биде достапен за тренерот Анчелоти во септември.
„Кралевите“ од претходно не можат да сметаат на: Џуд Белингам, Едуардо Камавинга, Орелиен Чуамени, Ферланд Менди, Дани Себалјос, Давид Алаба и Жоан Мартин.