Свет Полтава

Најсмртоносниот руски напад врз Украина годинава: 55 жртви, ранети 328 лица

Руското Министерство за одбрана соопшти дека целта била напад врз војници и странски инструктори.

Најсмртоносниот руски напад врз Украина годинава: 55 жртви, ранети 328 лица

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад во вторникот врз воен институт во градот Полтава во централна Украина денеска се искачи на 55, соопштија службите за итни случаи по завршувањето на спасувачката операција.

Тоа е најсмртоносниот руски напад врз Украина од почетокот на оваа година, а во него се ранети 328 лица, соопшти службата за итни случаи на Телеграм.

Началникот на регионот Полтава, Филип Пронин изјави дека 27 ранети се на интензивна нега.

Претходно беше соопштено дека во нападот загинале 51 лице.

Руските сили извршија два напади со балистички ракети врз воена образовна институција.

Во областа Полтава е прогласена тридневна жалост.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека целта била напад врз војници и странски инструктори.

Копнените сили на Украина соопштија дека во нападот загинале воени лица, без да наведат детали.

Руските сили ги засилија ракетните напади врз Украина во последните недели.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top