На мое големо задоволство денеска имавме состанок со Советот на странски инвеститори овде кај нас во Македонија. Од плодната дискусија можам да заклучам дека има многу работа која што треба да ја завршиме, бидејќи некако изминатиот период повеќе се зборувало, а ништо не се завршувало.Мислам дека слушнавме многу добри совети, многу добри насоки за тоа како треба да ги водиме работите и процесите во период кој што следи, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
-Договоривме да имаме и вакви квартални состаноци на кои што ќе разговараме за напредокот на работите кои што ги договараме на состаноците. Следниот состанок сега ќе биде кон крајот на годината, во првата половина на декември, можам да кажам дека сите ние си зададовме определени домашни задачи за реформите и законите кои што треба да бидат изменети, односно кои што ќе треба да претрпат измена, но и дел од процесите за кои што ќе треба во периодот кој што следи заеднички да работиме, да дискутираме, да анализираме, да видиме што треба секоја од страните да направи. Како Влада остануваме целосно посветени на реформската агенда, и целосно посветени на подобрување на условите на водење на бизнис кај нас, бидејќи колку поуспешни компании, толку и поуспешна Влада, изјави Мицкоски.
Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада, бидејќи ќе има поголеми приходи во Буџетот, истакна Мицкоски.
-Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада, бидејќи ќе има поголеми приходи во Буџетот. А со приходите од Буџетот ќе има поголема реализација на капитални инвестиции, а од друга страна ќе има и повисоки плати за повисок стандард на нашите граѓани. Да заклучам, навистина успешна средба со Советот на странските инвеститори и со нетрпение очекувам следната да видиме што од она кое што денеска го договоривме е направено, и што е она кое што дополнително треба да се направи, рече Мицкоски.