Македонија

Јанушев: Граѓанските организации се срцето на секоја демократска држава

Јанушев: Граѓанските организации се срцето на секоја демократска држава

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев денеска присуствуваше во Граѓанскиот ресурсен центар каде во своето обраќање истакна дека граѓанските организации се срцето на секоја демократска држава.

-Тие се гласот на народот, каналот преку кој граѓаните ги изразуваат своите потреби, идеи и визии. Но, за да може овој глас да биде доволно силен и влијателен, потребна е поддршка, разбирање и координирана соработка со државните институции. Нашата Влада е свесна за оваа потреба и за важноста на градењето на партнерски односи со граѓанскиот сектор.
Приоритет на Владата, во периодот 2024-2028, е поддршка на инклузивен, независен и професионален граѓански сектор, кој е партнер на институциите во креирањето и реализацијата на стратешките цели на државата, вели Јанушев.

Тука спаѓаат почитување на принципот на сигурност и одговорност, отвореност и транспарентност, но и динамично и инклузивно општество.

-Преку овие заложби на Владата, во соработка и партнерство со граѓанските организации, ќе ја градиме државата како просперитетна, праведна и динамична демократија, нагласи Јанушев.

Најнови вести од Македонија

To top