Брајан Меј, легендарниот гитарист на Квин, откри дека доживеал мозочен удар. Тој им се обрати на своите фанови преку видео порака, која ја објави на Инстаграм.
-Се надевам дека сите сте добро. Јас сум тука да ви донесам пред се добри вести. Мислам дека добрата вест е што можам да свирам на гитара по настаните во последните неколку дена, а ова го кажувам затоа што бев во недоумица затоа што тој мал здравствен проблем што го спомнав се случи пред една недела и како што го нарекоа беше мал мозочен удар и одеднаш – од ведро небо – немав контрола врз оваа рака, така што беше малку страшно.
Морам да кажам дека имав фантастична грижа и внимание од болницата. Значи, добрата вест е дека сум добро. Јас само го правам она што ми е кажано, што во основа не е ништо. Казнет сум, не смеам да излезам – па, не смеам да возам, не смеам да го кревам пулсот…, рече Меј.
View this post on Instagram