Фудбал

Реал Мадрид ќе биде два месеци без Дани Себаљос

Реал Мадрид ќе биде два месеци без Дани Себаљос

Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос ќе отсуствува од теренот шест до осум недели, поради повреда на скочниот зглоб на десната нога.

Себаљос се повреди на неделниот натпревар против Бетис (2:0) во Ла Лига, на кој беше стартер. Шпанецот беше заменет во 65. минута.

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, поради повреди не може да смета ниту на услугите на Џуд Белингем и Едуардо Камавинга

To top