На првата седница на здравствениот совет, формиран како советодавно тело на министерот за здравство, беше потенцирано дека главни приоритети во следниот период ќе бидат изготвувањето здравствена стратегија, спојувањето на универзитетските клиники во еден клинички центар, како и изготвувањето закон за здравствена заштита, информираат од МЗ.
Здравствениот совет во континуитет ќе ја следи состојбата во јавното здравство, ќе изготвуваат предлог решенија и ќе иницираат новини во интерес на пациентите и здравствените работници.