Еден човек загина, а петмина се ранети во престрелка што се случи доцна синоќа во Приштина. Клиничко-болничкиот центар Насер Силја потврди дека тројца од повредените се во критична состојба.
Според информациите од приштинските медиуми, инцидентот најверојатно е резултат на пресметка меѓу две фамилии, но полицијата засега не го потврди ова. Пукањето се случило во населбата Акташ.