Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска присуствуваше на свечената Богослужба во македонската црква „Св.Климент Охридски“ во Љубљана, каде заедно со македонските иселеници го одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица и го истакна значењето на православната вера.
Министерот Андоновски, исто така зеде учество на Богородичниот собир во организација на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ, каде имаше можност да се сретне со бројни македонски граѓани и заедно со нив да ги споделат македонските традиции и обичаи.
Со македонските иселеници, Андоновски разговараше за нивните искуства и предизвици со кои се соочуваат во дијаспората.
Тој изрази задоволство од одличната организираност на македонската заедница во Словенија, која продолжува да биде важен столб на македонскиот културен и духовен живот во оваа земја.