На 30.08.2024 во 22.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.Ј.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.08.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ш.(28) од Белгија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.08.2024 во 14.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Ново Село, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 31.08.2024 во 00.30 часот на Граничен премин Богородица, при влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода К.А.(33) од Косово, со дозвола на привремен престој на странец во РСМ. При пасошка контрола и проверки било утврдено дека француската возачка дозвола, која ја приложил на увид, била фалсификувана. Лицето било предадено во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.