Економија НБРМ

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): Втор квартал на 2024 година

Најголем дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност со учество од 51,4% и 26,2%, соодветно, а на страната на обврските главно се обврски врз основа на технички резерви на осигурување и капиталните сметки, со учество од 54,1% и 36,0%, соодветно.

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): Втор квартал на 2024 година

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал на 2024 година, изнесуваат 235.202 милиона денари што претставува квартален раст од 9.988 милиони денари. Останатите финансиски институции имаат учество од 21,3% во средствата на финансиските институции. Во рамки на структурата на ОФИ, најголемо учество од 65,3% во вкупните средства имаат пензиските фондови, по што следуваат осигурителните друштва со учество од 15,8%.

Најголем дел од средствата на ОФИ се вложувања во должнички и сопственички хартии од вредност со учество од 51,4% и 26,2%, соодветно, а на страната на обврските главно се обврски врз основа на технички резерви на осигурување и капиталните сметки, со учество од 54,1% и 36,0%, соодветно.

Најновото соопштение за позначајните движења кај ОФИ е достапно на следната врска:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/OFI/2024/Soopstenie_za_pecat_OFI_Q2_2024_mk.pdf

 

To top