Американската манекенка Тајра Бенкс го најави своето долгоочекувано враќање на ревија на „Викторија’с сикрет“ што ќе се одржи на 15 септември во Њујорк. Таа веста ја објави на Инстаграм, во видеореклама со неа и Џиџи Хадид.
Тајра Бенкс предводеше девет ревии за „Викторија’с сикрет“, но последната беше во 2005 година, кога манекенката имала 31 година.
Џиџи Хадид учествуваше на три модни ревии. Брендот во меѓувреме се соочуваше со критики дека нивните манекенки и производите не се доволно инклузивни.
– Сега „Викторија’с сикрет“ се врати во својот традиционален формат, и ветува дека на фановите ќе им го даде токму она што тие го сакаат… Гламур, ревија, мода, забава, крилја, нагласи гласноговорникот на брендот.
Заедно со Тајра и Џиџи, на модната ревија ќе учествуваат Имаан Хамам, Кендис Свонпул, Грејс Елизабет и други модели. (МИА)
View this post on Instagram