При посетата на македонската владина делегација во Хрватска предводена од премиерот Христијан Мицкоски потпишани се спогодби за соработка меѓу двете држави во областа на здравството и медицината.
-Размена на експерти поради давање на соодветни услуги при лекување на пациенти
Соработка во областа на стручно усовршување на здравствените работници
Соработка во областа на донирање и трансплантација на органи
Соработка за превенција и рано откривање на карцином
Соработка во врска со моделите за финансирање на здравствените услуги, објави премиерот Мицкоски.
И многу други соработки кои се потребни за обезбедување добро здравство.
Во рамки на посетата Мицкоски оставри средба и со хрватскиот колега Андреј Пленковиќ, а во фокус на разговорите е евроинтеграцијата на нашата држава, хрватската поддршка, како и предизвиците на патот кон интеграција на земјите од Западен Балкан.