Македонија

Дислоциран споменикот на народниот херој Страшо Пинџур

Дислоциран е споменикот на народниот херој Страшо Пинџур, информираа попладнево од кавадаречката локална самоуправа. Спомен бистата долги години беше во дворот на поранешниот ДИК „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, а сега е дислоцирана во село Ваташа.

Дислоциран споменикот на народниот херој Страшо Пинџур

– Иницијативата беше на месната заедница на село Ваташа, село во кое што се наоѓа и неговата спомен куќа. Дислокацијата е согласно на одлука на Советот на Општината. Во изминатиов период се покажа грижа кон сите спомен обележја на кавадаречка територија, нагласија од локалната самоуправа.

Оттаму потсетија дека претходно, спомен бисти од неколку локации, беа поставени во Паркот на Револуцијата во центарот на Кавадарци.

Најнови вести од Македонија

To top