Свет Попко

Украинската ПВО собори повеќе од 10 дронови во последниот напад на Киев

Во исто време, гувернерот на Севастопол на островот Крим, Михаил Развозаев, изјави дека руската војска таму неутрализирала четири беспилотни украински авиони и три украински чамци без екипаж.

Украинската ПВО собори повеќе од 10 дронови во последниот напад на Киев

Украинската противвоздушна одбрана собори повеќе од 10 дронови во последниот руски напад врз Киев, соопшти Серхиј Попко, шеф на воената управа на Киев.

Ова е трет ваков напад врз главниот град на Украина во последните четири дена.

Во меѓувреме, украинските сили објавија порака на Телеграм во која се вели дека го нападнале складиштето за нафта Атлас во руската област Ростов и складиштето за нафта Зенит во руската област Киров. Нападите кои се случиле вчера предизвикале пожари во двете складишта за нафта.

Во истата порака, украинската војска вели дека вчера нападнала и артилериско складиште во областа Воронеж.

Во исто време, гувернерот на Севастопол на островот Крим, Михаил Развозаев, изјави дека руската војска таму неутрализирала четири беспилотни украински авиони и три украински чамци без екипаж.

Регионалниот гувернер на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, соопшти дека едно лице е убиено во белгородскиот град Шебекино при гранатирање од Украина. Две лица се повредени. Оштетени се и административна зграда и објект од социјалната инфраструктура.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека два дрона биле соборени над регионот Брјанск и еден над регионот Белгород. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top