Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се снимени како пристигнуваат со автомобил во Балморал, омилената дестинација на кралот Чарлс Трети.
Секое појавување на Кејт Мидлтон влева надеж дека закрепнувањето на омилениот член на британското кралско семејство се одвива според планот. Оптимизмот сега беше поттикнат од нејзиното појавување во шкотска црква, место кое не го посетила откако ја објави дијагнозата.
Имајќи на ум дека шкотскиот Балморал е една од омилените дестинации на кралското семејство, Кејт Мидлтон беше фотографирана кај Крејти Кирк со нејзиниот сопруг принцот и синот принцот Џорџ.
Kate Middleton Makes Rare Appearance at Church Amid Cancer Battle, but eagle-eyed fans noticed something odd about her.
Kate Middleton wore an almost identical outfit to one worn to Crathie Kirk last year. Why does the 2024 earring look cut & pasted in? Is this AI? pic.twitter.com/no585wUzrx— Voice Unchained (@VocUnchained) August 26, 2024
Нејзиното појавување во Балморал како дел од одењето на неделната миса навистина не е толку чудно бидејќи претходно беше познато дека семејството им се придружи на кралот Чарлс и кралицата Камила на нивниот годишен летен одмор во Балморал.
За неделното дружење, Кејт носеше светло кафено палто кое го искомбинира со кафена капа со пердуви и висечки обетки, додека Вилијам носеше морнарски костум.
Пред патувањето, Вилијам и Кејт поминаа време во нивниот дом во Норфолк, во близина на имотот Сандрингем, каде принцезата сними видео во август. Заедно со Вилијам им честитаа на британските спортисти за нивниот успех на Олимписките игри во Париз.