Останати спортови

Флојд Мејведер го избрка судијата од рингот среде борба (ВИДЕО)

Флојд Мејведер го избрка судијата од рингот среде борба (ВИДЕО)

Легендарниот американски боксер Флојд Мејведер не беше задоволен од една судиска одлука, па среде борба направи необичен и невиден потег. Имено, тој одлучи да го отпушти судијата и да го смени, а организаторите на овој спектакл тоа го одобрија.

Ајде, тргни се – беа зборовите на Мејведер кон судијата пред 22.000 навивачи, а малку подоцна видовме уште еден човек во рингот со борците.

Ова беше втор меч меѓу Флојд Мејведер и Џон Готи Трети, а првиот беше прекинат поради тепачка на двата тренерски тима надвор од рингот. Сега 47-годишниот Американец стигна до победа во неофицијална борба која траеше осум рунди од две минути.

– Дојдовме овде со намера да приредиме шоу за навивачите – ја објасни Мејведер одлуката да го смени судијата среде борба.

 

To top