Останати спортови

Една од најдобрите светски тенисерки се повлече од УС Опен

Една од најдобрите светски тенисерки се повлече од УС Опен

Туниската тенисерка Онс Жабер мораше да се повлече од последниот Грен Слем турнир оваа година, УС Опен, поради проблем со рамото.

Една од најдобрите светски тенисерки од почетокот на сезоната игра променливо, има скор од 16-15, а на ниту еден турнир не може да се пласира во полуфиналето.

Како резултат на тоа, таа од Топ 10 падна на 17. место, што е нејзин најнизок ранг во последните три години.

Местото на Жабер на ждрепката го зазеде Елизе Мертенс, која ќе го има статусот на 33-та носителка, додека уште едно место на ждрепката ќе заземе „лаки лузер“.

To top