Свет Сателит

Северна Кореја следните денови ќе лансира сателит

Северна Кореја годинава изврши рекорден број тестови на оружје, вклучително и на ракети, игнорирајќи ги предупредувањата од САД, Јужна Кореја и нивните сојузници.

Северна Кореја следните денови ќе лансира сателит

Северна Кореја денеска ја извести Јапонија дека планира да лансира сателит во периодот од 22 ноември до 1 декември.

Армијата на Јужна Кореја претходно ја предупреди Северна Кореја веднаш да ги прекине подготовките за лансирање шпионски сателит, истакнувајќи оти во спротивно ќе преземе неопходни мерки.

Пјонгјанг во август вторпат неуспешно лансираше сателит.

Според Сеул, Пјонгјанг и доставува оружје на Москва во замена за руската вселенска технологија, која треба да помогне во лансирање на севернокорејскиот воен шпионски сателит во орбитата.

Северна Кореја годинава изврши рекорден број тестови на оружје, вклучително и на ракети, игнорирајќи ги предупредувањата од САД, Јужна Кореја и нивните сојузници.

Минатата недела Пјонгјанг соопшти дека успешно извршил копнени тестови на нов тип мотор со цврсто гориво за своите балистички ракети со среден дострел.  (МИА)

Теми на денот

To top