Македонија максимална температура до 15 степени

Облачно време со слаб локален дожд

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а од пладневните часови на повисоките планини во западните делови со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени Целзиусови.

Облачно време со слаб локален дожд

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 14 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди, а претежно во планинските региони ќе има услови за локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува засилен јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст. Нестабилно време со повремено пороен дожд проследен со грмежи ќе има на почетокот на следната работна недела.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top