Македонија нема да се одработуваат

Поради изборите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови

Поради изборите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови

Владата денеска во рамки на 16. седница донесе одлука 24 април (среда) и 8 мај (среда) да бидат неработни денови заради непречено спроведување на изборите за претседател и за пратеници.

Како што се наведува во соопштението од седницата на Владата, Владата заклучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Северна Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат.

Денешната владина одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top