Македонија 5.000 денари плус за сите пензионери

Мисајловски: Се обврзуваме во првата година од мандатот зголемување на пензиите од 5.000 денари за СИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ

Мисајловски: Се обврзуваме во првата година од мандатот зголемување на пензиите од 5.000 денари за СИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ

Во паркот во Ѓорче Петров имавме одлични и корисни разговори со пензионерите од Општина Ѓорче Петров, заедно со Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски и градоначалникот Александар Стојкоски, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на својот ФБ профил.

Пензионерите, напиша тој, се крајно разочарани од лошиот и игнорантски однос што го добиваат изминатите години од страна на владата на СДСМ и ДУИ.

– Пензионерите не заслужуваат да бидат дистанцирани, понижени и излажани.

ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш се грижи за пензионерите, така ќе биде и после двојната победа на претседателските и парламентарни избори. Затоа се обврзуваме во првата година од мандатот зголемување на пензиите од 5.000 денари за СИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ. Пензионерите заслужуваат подостоинствен живот!, порача Мисајловски.

Најнови вести од Македонија

To top