Македонија избори 2024

Муцунски: Време е за почеток на важна фаза на промени, подобра и просперитетна иднина, почнуваме со голем митинг утре во 20 часот пред Влада

Дојде време, за почеток на една важна фаза во животот на нашите генерации која треба да донесе сериозни промени во македонското општество и да ни обезбеди подобро и просперитетна иднина, истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски.

Муцунски:  Време е за почеток на важна фаза на промени, подобра и просперитетна иднина, почнуваме со голем митинг утре во 20 часот пред Влада

-За нешто повеќе од месец дена не делат од неизбежното заминување на оваа власт, која за жал ни нанесе несогледливи штети и остави сериозно негативно последици по државата.

1. Од економска гледна точка се наоѓаме на самото дно во регионот, при што скоро сите други држави имаат поголем БДП по глава на жител од нас. Во последните седум години најголемиот дел од државите во регионот остварија раст од 50%, а власта предвидена од двоецот СДС — ДУИ само 20%.

2. Од Извештаите на ЕУ и реалните состојби на терен констатираме дека целосно е загрозено владеењето на право, институциите не функционираат соодветно, криминалот и корупцијата се во пораст, јавната безбедност постојано се загрозува од страна на лица кои заради различни причини најчесто не се достапни на органите на прогонот.

3. Довербата на граѓаните во областа на правосудството е на најниско можно историско ниво и во таа област повеќе од неопходно е да се дејствува системски, ефикасно и брзо.

4. Несоодветниот третман, погрешен концепт и недоволни вложувања во образованието и науката создаваат сериозни проблеми кои негативно се рефлектираат најнепосредно кај родителите, учениците, студентите, наставниот кадар и научните работници.

5. Здравството е крајно девастирано, а незадоволството на здравствените работници и пациентите од ден на ден расте. Аферите како онаа на Клиниката се хематологија се редовна појава, додека интересот и решителноста за справувањето со негативните појави во оваа значајна област за нашето здравје целосно отсуствува.

6.Во областа на патната инфраструктура власта даваше големи верувања, а еден километар автопат не изградија.

7.Земјоделците и сточарите целосно ги запоставија и ги оставија сами да ги решаваат сериозните проблемите со кои секојдневно се соочуваат.

Во целата композиција на неуспешно креирани и водени штетни политики од двоецот СДС -ДУИ ништо не е подалеку и актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој по извесното завршување на неговиот петгодишен мандат освен со својата сервилност кон власта нема со што друго да се пофали.

Она што претходно беше спомената е само еден мал дел од она што беше погрешно или воопшто не беше сторено и токму затоа заклучуваме дека е:

Крајно време да се стави крај на овие тешки порази, недоследности и понижувања на интелектот на нашите граѓани.
Токму сега е вистинско време е да ја започнеме битката за коренити промените, за нови можности кои ќе создадат услови за брз и непречен развој на државата.

Во наведената насока почитувани наши граѓани, од сите делови на државата, без разлика на вашата етничка, верска или идеолошка припадност отворено Ве повикуваме да се обединиме под знамето на промените, и да се приклучите на најголемиот сенароден митинг пред Владата на Република Македонија кој ќе се одржи утре на 4 април со почеток од 20 часот. Целта на овој собир е на мирен и достоинствен начин за последен пат во нивниот мандат да им кажеме едно големо НЕ на досегашните неуспешни и погубни политики на владата сочинета од СДС и ДУИ и претседателот во заминување.

За последен пат пред почетокот на предизборната кампања сакаме заедно, сплотени и обединети да упатиме силна порака до сите граѓани на Македонија дека се посилни од сите предизвици со кои се соочуваат, дека власта е привремена и дека народот секојпат е оној кој ја дава но и ја одзема власта која оригинерно му припаѓа само нему.

Македонија повторно твоја. Промените се во твоите раце, рече Муцунски.

To top