Свет Рим

Папата на Велигден го повтори повикот за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа

Папата повика и на размена на сите затвореници меѓу Русија и Украина.

Папата на Велигден го повтори повикот за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска во својата велигденска порака во Ватикан го повтори повикот за ослободување на израелските заложници и итен прекин на огнот во Газа.

– Уште еднаш повикувам на гарантиран пристап до хуманитарна помош во Газа, повторно повикувајќи на брзо ослободување на заложниците киднапирани на 7 октомври, како и итен прекин на огнот во Појасот Газа, рече тој.

Папата повика и на размена на сите затвореници меѓу Русија и Украина.

– Повикувам на почитување на принципите на меѓународното право и на општа размена на сите затвореници меѓу Русија и Украина, рече Папата пред околу 60.000 верници.

Папата Франциск го предводеше традиционалното велигденско бдение, кое траеше повеќе од два часа во базиликата Свети Петар во Рим.  (МИА)

Теми на денот

To top